(ВИДЕО) Васев: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана партија во стечај

Од:

„Белата палата е седиште на партија во стечај која тоне во долгови. Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.

Извршителите тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотивите на поранешното криминално раководство на оваа партија.

Луксузот во овој бел дворец завршува како и секое криминално луксузирање“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„Во времето кога оваа партија 11 години се богатеше и се расфрлаше со државните пари, граѓаните беа соочени со сиромаштија и борба за опстанок.

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски покажува неспособност за менаџирање на сопствените средства.

И денес, без срам и перде овие расипници и недомаќини се уште имаат амбиции да ја водат државата и да располагаат со државниот буџет.

Но покрај таквите амбиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата.

Оваа партија која важеше за најбогата партија во Европа, денес тоне во долгови, затоа што Мицкоски е неспособен.

Граѓаните веќе го препознаваат расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и затоа губат на избори и ќе останат длабоко во опозиција“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија