СДСМ: Со илјадници апсурдни амандмани ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата го девалвираат Собранието

Од:

„Срамно и неодговорно е однесувањето на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, за блокирање на работата на законодавниот дом, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата.

Со поднесување на стотици, илјадници апсурдни амандмани на измените на Деловникот и на повеќе закони опозицијата првенствено им нанесува штета на граѓаните, бидејќи во Собранието треба да се донесат законски решенија за да им се помогне на пензионерите, на самохраните родители, на социјално ранливите категории, на невработените, но и на компаниите и на здравствениот систем“, велат СДСМ.

„Несериозно е да се поднесат 3.000 амандмани на измена на неколку членови на Деловникот, со кои треба да се обезбеди функционално собрание, со учество на далечина на пратениците кои се во изолација, или да се блокира носење на Законот за здравствена заштита со 500-600 амандмани.

Опозицијата во собранието, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса, со амандманите како покажување бојадисано јајце, или неносење автомеханичарски ознаки кога пратениците учествуваат во работата на законодавниот дом на далечина, си поигруваат со чувствата на граѓаните и го газат достоинството на Собранието.

Пратениците земаат плата од народните пари, бидејќи граѓаните им ја дале довербата да ги застапуваат нивните интереси, а не да ја опструираат и кочат работата на Собранието и од парламентот да прават циркус, институција за потсмев.

Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието нема да спречи, граѓаните со парламентарното мнозинство на СДСМ, да добијат функционален Парламент посветен на интересите на државата и на граѓаните“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“