Ангелов: Нема потреба од паника во моментот, болеста е под контрола

Од:

Доколку се зголеми бројот на болни и притисокот врз болничките капацитети, приморани сме да ги користиме капацитетите на приватните здравствени установи и откако ќе го прифатиме нацрт-договорот, ние како Главен штаб ќе донесеме одлука за ангажман на приватните здравствени установи за поддршка на јавното здравство. Потоа се склучуваат формалните договори околу начинот за исплата на трите приватни здравствени установи „Ремедика“, „Систина“ и Клиниката Жан Митрев, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, склучувањето на договорите со приватните здравствени установи во случаи на итна потреба може да се заврши за неколку часа, но во овој момент, потенцира, нема потреба од паника бидејќи показателите што доаѓаат од Комисијата за заразни болести зборува дека болеста е под контрола, без разлика на тоа што бројките се релативно високи, ако ги споредиме со соседството, со Балканот и со други европски земји, ќе видиме, рече, дека нашите бројки се стабилни.

– Или имаме многу благ раст или воопшто нема раст во одредени денови, така што може да проектираме дека во следните неколку денови, ќе имаме доволно болнички капацитети и секој пациент ќе биде згрижен во некој од ковид центрите низ државата, изјави Ангелов.

Потсети дека министерот за здравство Венко Филипче ги водеше преговорите со приватните здравствени установи за да се вклучат во борбата со Ковид – 19 при што е договорено „Ремедика“, Сиситна и Жан Митрев Клиника, заедно да ја оспособат старата болница „Систина – Богородица “ и таа да биде претвврена во ковид – центар.

На новинарско прашање зошто се бара продолжување на кризната состојба за шест месеци, Ангелов како директор на ЦУК, раководител на групата за проценка, како член на управувачкиот комитети и како раководител на Главниот штаб, како што нагласи, е длабоко убеден дека кризната состојба треба да биде продолжена затоа што нуди механизми кои кога не би била кризната состојба не би им биле ставени на располагање.

– Доколку не е прогласена кризна состојба, ние не можеме и не смееме да разговараме со приватните здрвствени установи под овие услови, како и со МО за учество на Армијата како поддршка на полицијата, но и за учество на армискиот болнички персонал во поддршка на здравството. Има 12 доктори и 20 сестри кои се вклучени во борбата против Ковид – 19 во јавното здравство. Во индина ни остава простор доколку имаме потреба од каков било друг приватен ресор, можеме слободно да побараме ангажман. Карикирам, ако ни требаат булдожери, багери, ако треба да се изгради некакв болница, можеме да побараме од одредена градежна фирма да изгради болница најбрзо што може. Верувам дека нема да имаме таква потреба, истакна Ангелов.

Уште еднаш напомена дека во овој момент состојбата со заразата е стабилна, немаме нагорна линија и бројот на пациенти се движи со иста динамика. Имаме благ раст, па преку викендите поради помалиот број на тестирани таа бројка паѓа, но во секој случа, истакна Ангелов, како држава ние сме подготвени во следните денови да одговориме на сите потреби за болничко згрижување на кој било болен пациент.

Директорот на ЦУК наведе дека формирањето на Главниот штаб е само продолжение на битката против КОВИД и изрази уверување дека граѓаните научија дека разликата помеѓу вонредна и кризна состојба е пред се во тоа што кризната состојба ги пружа без малку истите механизми, но клучниот момент за прогласување на вонредна состојба беше нефункционалното собрание, а Владата за да даде добар одговор на проблемите коишто ги предизвика КОВИД мораше да носи уредби со законска сила поради што беше прогласена вонредната состојба.

– Значи, прогласувањето на кризната состојба е само еден континуитет и ние ништо специјално немаме направено овие 15 дена, освен формирањето на Главен штаб којшто е во постојано заседание и една од клучните работи за која што верувам дека сите македонски граѓани се информирани, тоа е учество на Армијата како поддршка на македонската полиција и тоа во таков обем којшто не ги вознемирува граѓаните, бидејќи полицијата и Армијата која што е распоредена пред КОВИД-центрите е ненаметлива, тоа е мала бројка на луѓе која што е неопходна само за одржување на евентуално нарушување на редот. Така што, тоа е клучната работа која што ја направивме овие 15-ина дена, ангажман на Армијата како поддршка на полицијата и воедно во тек се од почетокот на прогласување на кризната состојба преговорите со приватните здравствени установи коишто траеја извесно време и коишто ги води министерот за здравство и тоа е вистинската адреса доколку имате конкретни прашања, им рече на новинарите на прес-конференцијата Ангелов.

Колективниот имунитет, рече тој, можеме да видиме дека се уште не функционира и е под голем знак прашалник. Така што, подобро да прогласиме кризна состојба во подолготрајно време, но, според Ангелов, доколку е се во ред, доколку параметрите се подобри, доколку болеста почне да опаѓа ние во секој момент можеме да побараме укинување на кризната состојба.

Директорот на ЦУК уште еднаш информира дека е усвоен сеопфатен Акциски план за превенција и справување со ширењето на Ковид – 19, во кој се предвидени 17 мерки и повеќе активности што ќе се преземат од страна на сите субјекти.

Би можело да ве интересира

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Во моментов има 13 активни пожари, на помош се чека најавениот дожд

A1on

Левица: Ангелов преку видео секојдневно ни ја претставува сопствената некадарност за справување со кризи

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ангелов повикува на жестоки казни за потпалувачите на пожари

Катерина Ѓуровски