Гаревски: Според бучавата, земјотресот беше скопски, а ризикот од штети е еднаков на нула

Од:

Земјотресот што денеска го почувствуваа граѓаните не е во никаква корелација со земјотресот што неодамна се случи во близина на Маврово, во Леуново, а беше со јачина од 4,9 степени по Рихтер, смета Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.

Тој вели дека станува збор за нормална сеизмичка активност и дека иако Европско медитеранскиот сеизмолошки центар во првите неколку минути го лоцирал земјотресот во Косово, тој е од скопското трусно подрачје.

„Според бучавата која се слушна неколку секунди пред потресот, сметам дека се работи за земјотрес од скопското епицентрално подрачје. Магнитудата му е меѓу 3,4 и 3,9 степени според Рихтер и ризикот од ваков земјотрес е нула, односно освен вознемиреност кај граѓаните, не треба да предизвика други штети“, вели Гаревски за „А1он“ и додава дека по сумирањето на податоците ќе се покаже дека земјотресот настанал на скопското подрачје.

Земјотресот се случи во 14 часот и 8 минути и предизвика вознемиреност кај граѓаните, особено поради бучавата која му претходеше.

Би можело да ве интересира

Колумбија: Најмалку 265 загинати во катастрофалниот земјотрес, прогласена е економска вонредна состојба

(ВИДЕО) Прогласена национална катастрофа во Колумбија: Најмалку 80 загинати во силниот земјотрес

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има жртви и повредени

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски

Црн биланс во Венецуела: Над 6.000 загинати, десетици илјади се повредени

Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

А1он