СДСМ: Опасни и штетни за граѓаните се обидите на Мицкоски да го блокира Собранието

Од:

„Очајните обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се блокира работата на Собранието во услови на сериозна светска пандемија на коронавирус е опасно, штетно, неодговорно и срамно однесување.

Немањето сопствен став, мерка или политика, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата“, велат СДСМ.

„Затоа бесрамно се обидуваат да блокираат носење на важни закони меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застануваат спротивно од интересите на граѓаните,на стопанството, на државата.

Очигледно дека очајот и нервозата кулминираат во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна за одработувањето на Мицкоски за странски цели и интереси, па затоа поднесуваат илјадници нелогични амандмани преку кои се обидуваат да го блокираат Собранието.

Залудни се обидите на Мицкоски. Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните“, соопштуваат СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда