Владата бара продолжување на кризната состојба, намален притисокот врз болниците, но здравствените власти внимателни

Од:

Продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни 2021 година бара Владата од Собранието. Одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Земјава и сега се наоѓа во 30-дневна кризна состојба која треба да заврши на 19 декември.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека она што сега се случува во земјава е сериозно намалување на притисокот на пациентите кон болниците, но оти се многу внимателни бидејќи многупати досега се покажало дека вирусот е многу непредвидлив.

Според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стефановиќ очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда, рече Стефановиќ.

Ниту еден пациент не се враќа дома без да се прегледа, нагласи Стефановиќ.

Стастистиката на здравствените институции покажа дека во изминатите 24 часа се евидентирани нови 1069 случаи од направени 3012 тестирања. Министерството за здравство информираше за 29 починати лица и за 1242 оздравени пациенти.

Сите починати се во болнички услови. Седум починати се од Скопје, четворица од Прилеп и Гостивар, тројца од Куманово и Гевгелија, двајца од Битола и од Струмица и по еден од Тетово, Кавадарци, Радовиш и Неготино.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје-489, по што следуваат Прилеп со 81, Куманово со 60 пациенти, Гостивар и Штип со 42, Охрид со 41, Кавадарци со 37 и Тетово, Струга, Велес, Битола и Кавадарци со по 37 нови случаи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски