Најмалку 15 затвореници се убиени во затвор во Алепо при судири за време на викендот меѓу бунтовниците и силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Засега не е познато дали затворениците се убиени од силите на режимот или од бунтовниците.
Судирите во затворот траат веќе две недели. Бунтовниците успеале да влезат во затворската зграда, но биле одбиени од армиските сили.
Околу 4.000 затвореници, меѓу кои и исламисти, опозициски активисти и малолетници, се смесетни во затворот во Алепо, кој се наоѓа во предградие на градот.