Нов сообраќаен режим околу ТЦ Буњаковец и подигнати пешачки платоа кај основите училишта и градинките во Центар

Од:

Од денеска Центар започнува со имплементирање на новите сообраќајни решенија на повеќе локации во општината.

Во тек е изведбата на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на детските градинки и општинските основни училишта. Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре“, „Апостол Гусларот“ и улицата „9 Мај“, во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, матичниот објект на градинката „13 Ноември“ и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин“, велат од Општината.

Покрај овие 3, дополнително ќе бидат изведени уште 6 пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта. Покрај изведбата на 9-те платоа, Општина Центар на локациите ќе постави нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Овие зафати се изведуваат со целосна сообраќајна проектна документација, одобрена од СВР Скопје и Град Скопје, како надлежни институции за оваа проблематика, се додава во соопштението на Општина Центар.

Изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа.

Покрај ова, Општина Центар сака да го најави и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец“. Поради оштетувањата на знаците, после 10 години, во реонот на ТЦ „Буњаковец“ ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Со поставувањето на новиот сообраќаен режим, ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот во овој дел од Центар, ќе се подобри ориентацијата и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативните видови на сообраќај, соопштува Центар.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он