„Фејсбук“ под истрага поради самоубиство на 14-годишна девојка

Од:

Италијанските обвинители покренаа истрага против „Фејсбук„ поради смртта на 14-годишната Каролина Пичио која по навредите кои ги добила на оваа социјална мрежа се убила скокајќи од трети кат.

Причината за нејзиното самоубиство се осум момчиња кои на „Фејсбук„ објавиле видео од една забава, на која Пичио лежи пијана на подот од тоалетот.

Видеото остана на страниците на популарната мрежа неколку дена.

Директорот на здружението на родители, Антонио Афинита, рече дека ова е прв пат, здружение на родители на Европа да предаде таква пријава против „Фејсбук„.

-Иако италијанскиот закон им забранува на помладите од 18 години да потпишуваат договори, „Фејсбук„ така влегува во договорен однос со малолетници во врска со нивната приватност, без знаење на родителите-рече тој и додаде дека смртта на тинејџерката била капка која ја прелеала чашата, по што минатата година во Рим се уби 15 годишно момче, исто така поради малтретирање на „Фејсбук“.

Обвинителот Франческо Салуцо рече дека не е исклучено овој пат вработените во „Фејсбук„ да се најдат под истрага која ќе се занимава со тоа како видеото со денови останало на интернет, дури и откако родителите на Каролина побарале истото да се тргне.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски