ФОТО: Градоначалникот Жерновски го средува хаосот на градилиштата

Од:

По поплаки на граѓаните од општина Центар за хаосот во и околу градилиштата во општината, за разнесен  шут  и за неоградени површини, градоначалникот  Андреј Жерновски издаде налог  до градежната инспекција да се  средат градилиштата кои се во општината.

Во акцијата која беше преземена во Дебар Маало и во Буњаковец, резултатите се веќе евидентни.

gradezen-haos-centar (3)

Оградени се и исчистени градилиштата и се поставени табли со неопходните информации.

Овластениот  градежен  инспектор, доколку во рок од 7 дена од инспекцијата, не се средат  градилиштата, ќе издаде решение за нивно затворање   во рок од 20 дена.

gradezen-haos-centar (4)

По наредба на градоначалникот Жерновски, градежната инспекција континуирано ќе ја следи состојбата на сите градилишта во општина Центар.

gradezen-haos-centar (5)

Сите оние кои нема да се придржуваат  до наредбите од инспекцијата за уредување на градилиштата, ќе бидат затворани а инвеститорите ќе бидат казнети согласно законот.

gradezen-haos-centar (2)

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила