Рита Ора казнета во Лондон, организирала журка со 30 луѓе среде карантин

Од:

Британската пејачка со косовско потекло, Рита Ора, беше принудена да се извинува во јавноста откако пред неколку дена организирала забава во Лондон, на која, според нејзините зборови, присуствувале „30 најблиски пријатели“.

Според медиумите во Британија, никој од присутните на забавата не носел маска, а журката била организирана во време кога главниот град е под „целосно заклучување“, сет мерки за заштита од коронавирусот кои вклучуваат забрана за работа на трговските и угостителските објекти, забрана за јавни и приватни собири, како и полициски час.

Наспроти важечките прописи, Рита и нејзиното друштво безгрижно пиеле и играле во ресторанот и пред него, но по некое време се појавила полицијата.

„Се извинувам, тоа беше лоша проценка. Правев мал собир по повод прославата на мојот 30-ти роденден,“ напиша поп-ѕвездата на социјалните мрежи по реакциите во јавноста.

Според извештаите, Рита Ора била казнета со 10.000 фунти поради роденденската журка, а таа, според сопственото тврдење, и веќе ја платила казната.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски