Турскиот брод „Оруч реис“ се врати во пристаништето Анталија по контровезрните истражувања во Медитеранот

Од:

Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“, поради кого летово се затегнаа односите меѓу Грција и Турција, се врати во пристаништето во Анталија откако ги заврши дводимензионалните сеизмички истражувања, соопшти денеска турското Министерство за енергетика.

Спорот околу гасните истражувања на истокот од Средоземното море во август ги доведе морнариците на двете членки на НАТО на работ на вооружен конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит.

НАТО веднаш интервенираше со организирање на технички разговори меѓу армиите на двете земји за да избегне можност од „врел инцидент“, што може да доведе до војна.

Анкара тврди дека владите на Грција и Кипар ги кршат енергетските права на Турција поставувајќи морски граници во согласност со нивните сопствени интереси и обиди да ја исклучат Турција од потенцијалните резерви на нафта и гас.

Членките на Европската унија, Грција и Кипар, заедно со Франција, се заканија со санкции против Турција.

Лидерите на ЕУ на 10 и 11 декември ќе организираат самит на кој се очекува да разговараат за спорот и можните санкции.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата