Турција седум дена по ред бележи црни рекорди со коронавирусот

Од:

Седми ден по ред во Турција има зголемување на бројот на жртви од коронавирусот и секојдневно се редат само црни рекорди, и покрај напорите на турските власти за запирање на вториот бран од Ковид-19.

Турција очекува неделава да дојде до закрепнување на економијата по големиот пад од почетокот на годината, но тоа закрепнување, што клучно зависи од политичката поддршка на претседателот Ердоган, може да биде загрозено од ширењето на коронавирусот.

Турците ги заострија мерките, па дури и воведоа полициски час за време на викендите, но досега тие не дадоа значајни резултати во запирање на ширењето на болеста.

Само вчера во земјата од Ковид-19 умреа 185 лица, 45 проценти повеќе отколку во пикот на првиот бран во април, а црните рекорди почнаа да растат од 23 ноември, кога починаа 153 лица, и оттогаш бројот на смртни случаи се зголемува секој ден.

Во последните 24 часа во земјата се пријавени повеќе од 29.000 нови случаи, а во саботата беше урнат рекордот од 30.103 случаи. Но, тука мора да се каже дека властите ги бројат само пациентите со симптоми, додека во овој број не се вклучени асимптоматски случаи.

Лекарите и опозициските политичари предложија уште посилни ограничувачки мерки, но владата сакаше да избегне ескалација, бидејќи кафулињата, рестораните и хотелите веќе беа сериозно погодени од мерките.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ