Во Театарот за деца и малдинци утре (вторник) ќе биде изведена премиерата на првата претстава наменета за деца на 1+ години „Облак во мала кутија“ во режија на Бојана Лазиќ од Србија. Претставата е со интерактивен карактер и се изведува за ограничен број на посетители. Истата ќе биде изведена согласно протоколите за заштита од Ковид 19.
Режија : Бојана Лазиќ
Сценографија и костим: Бранислав Станковиќ
Композитор : Владимир Пејковиќ
Сценски движења : Дамјан Кецојевиќ
Асистент сценограф: Кирил Василев
Играат:
Симона Спировска
Наташа Петровиќ
Ненад Митевски
Никола Наковски