Иран: На убијците на научникот Фехризад ќе им одговориме промислено и одлучно

Од:

Иран ќе даде „промислен и одлучен одговор“ за убиството на неговиот најдобар нуклеарен научник, Мохсен Фехризад, изјави Камал Харази, советник на врховниот ирански верски лидер, Али Хамнеи.

-Без сомнение, Иран ќе одговори на криминалците кои му го одзедоа животот на Мохсен Фахризад, изјави Харази, кој е и шеф на стратешкиот совет во Министерството за надворешни работи, јавуваат британските медиуми.

Фахризад, кого западните земји го сметаа за архитект на иранската нуклеарна програма, пред два дена беше убиен во заседа во предградие на Техеран, додека го возел својот автомобил, придружуван од телохранители.

Некои ирански верски и воени лидери за нападот веднаш обвинија дека деценискиот непријател Израел, стои зад неговото убиство, додадоа британските медиуми.

Иран и претходно го обвинуваше Израел за убиства на неколку негови нуклеарни научници од 2010 година досега.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска одби да го коментира убиството, а Заки Ханегби, член на Ликуд и министерво владата, вчера кажа дека не знае кој го убил научникот.

Весникот „Кајан Дејли“, чиј главен уредуван го постави врховниот верски лидер Али Хамнеи, повика на напад врз пристаништето Хаифа, доколку се покажат точни тврдењата за израелска вмешаност.

„Нападот треба да биде изведен со таква сила што, освен уништување на објекти, треба да предизвика и големи човечки жртви“, напиша уредникот Садола Зареј во неговата денешна колумна.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он