Неименуван израелски претставник: Светот треба да се заблагодари за убиството на Фахризаде

Од:

Неименуван израелски владин претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека светот треба да му се заблагодари на Израел за убиството на нуклеарниот научник Мохсен Фахризаде.

Израел досега не презеде одговорност за атентатот.

Тој истакна деа иранското нуклеарно оружје претставува закана по целиот свет, додавајќи оти Израел продолжува да ги презема сите неопходни чекори против нуклеарната програма на Иран.

Истражувачот на Институтот Брукингс, поранешен припадник на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Брус Рајдел за „Њујорк тајмс“ изјави дека Израел поседува исклучително ниво на способност да нападне важни личности на непријателска територија.

Рајдел посочи дека Израел најверојатно ги искористил блиските врски со соедитена Иран, како Азербејџан за надгледување и регрутирање на оперативци.

Тој истакна дека убиството на Фахризаде во бомбашки и вооружен напад од заседа во близина на Техеран, што му се препишува на Израел, може да биде навестување дека еврејската држава повторно ја активира мрежата на оперативци, составена од ирански имигранти во Израел и нивните помагатели во Иран.

– Мислам дека тоа е знак дека играта е во тек или почнува, посочи Рајдел.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он