Седница на иранскиот Парламент поради убиството на Фахризаде

Од:

Иранскиот Парламент денеска одржа седница зад затворени врати поради убиството на научникот Мохсен Фахризаде.

По седницата пратеникот Мохамед Накир Галибаф изјави дека „непријателите на Иран мора да зажалат за ликвидацијата на Фахризаде“.

– Нашите непријатели криминалци ќе заќжалат бидејќи ќе се соочатсо силна реакција, истакна Галибаф.

Иранскиот конзервативен весник „Кајхан“ денеска објави дека Иран треба да го нападне израелскиот град Хаифа доколку се утврди дека Израел е виновен за убиството на Фахризаде.

Иранскиот аналитичар Садолех Зареиј изјави дека нападот врз Хаифа би предизвикал голем број жртви и би предизвикал загриженост бидејќи ниту Израел ниту САД се подготвени за војна.

Иран за убиството на идејниот творец на тајната нуклеарна програма за вооружување го обвини Израел. Фахризаде беше убиен во петокот во близина на Техеран.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он