Во текот на разговорите на неодамнешната скара, која ја подготвија за најблиските пријатели, Кејт Мидлетон (31) и принцот Вилијам (30) открија дека Кејт би требало да се породи на 13 јули.
Но Celebitchy пишува дека првото дете на кралската двојка ќе биде во знакот на лав, што би значело дека Кејт ќе се породи меѓу 24 јули и 23 август. За оваа информација која протече во јавноста виновна е мајката на Кејт, Карол.
Внучето на кралицата Елизабета би требало да се роди во приватната болница Сент Мари, во истото родилиште во кое се родил и Вилијам. Се претпоставува дека двојката ќе добие син затоа што фотографите ја снимиле Кејт додека во продавница за детски играчки купувала сино кадифено мече.