Според податоците на американските научници, сопствениците на кучиња имаат 54 отсто поголеми шанси дека телесната активност им ќе биде поголема од препорачаниот минимум.
Порталот Витамини пренесува дека на поголем број од луѓето им се препорачува 150 минути умерена телесна активност (одење) или 75 минути интензивна телесна активност (трчање) неделно.
Во истражувањето учествувале повеќе од 5.200 возрасни испитаници и при тоа се покажало дека сопствениците на кучиња во просек имаат помал ризик за дебелеење, пониска концентрација на таканаречениот лош холестерол (LDL) во крвта, понизок крвен притисок.
Покрај тоа, сопствениците на кучиња најчесто имале и намалена реакција на стрес.