Втор ден од конференцијата на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ

Од:

Со усвојување на декларација и документи за правилата и модалитетите за натамошен развој на парламентарната димензија на Партнерството за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и формирање на парламентарно собрание, се очекува денеска да биде заокружена дводневната 10. Конференција на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ што се одржува во Охрид.

На конференцијата присуствуваат претседателот на бугарското Национално собрание Михаил Миков, хрватскиот спикер на Парламентот Јосип Леко, претседателот на Претставничкиот дом на Романија Валериу Згонеа и потпретседателот на Сенатот Флорин Констатинеску, претседателот на српското Национално собрание Небојша Стефановиќ, претседателот на турското Големо Национално Собрание Џемил Чичек, претседателот на словенечкиот Национален совет Митја Бервар и потпретседателот на Националното собрание Рената Брунсколе, како и потпретседателите на Претставничкиот дом на БиХ и на Црна Гора, Милорад Живковиќ и Суљо Мустафиќ.

Поради изборите во Албанија на конференцијата во Охрид нашиот сосед го претставува претседателот на парламентарниот Комитет за надворешна политика Фатос Беја, додека од Грција присуствува претставник за регионална соработка и партнерство во рамките на ПСЈИЕ.

Освен официјалните претставници, како гости на конференцијата учествуваат заменик-претседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан, претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ Волфганг Грошрук, генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, поранешната потпретседателка на германскиот Бундестаг Петра Блаз Рафајловски, поранешниот потпретседател на бугарското Национално Собрание Георги Пирински, како и претставници на фондацијата Фридрих Еберт и Секретаријатот за парламентарна соработка во ЈИЕ.

Ова е прва конференција што се одржува во рамки на завршната недела на македонското претседателство со ПСЈИЕ. Во рамките на ПСЈИЕ утре во Охрид ќе се одржи Состанокот на политичките директори на Процесот, на 30 мај Шестиот Годишен состанок на Регионалниот совет за соработка (РСС), а на 31 мај и Формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ПСЈИЕ.

Како дел од македонското претседавање со ПСЈИЕ на 1 јуни во Охрид ќе се одржи Самитот на шефовите на држави и влади на земјите учеснички на ПСЈИЕ. На 2 јуни, пак, во Струга, е предвидено и одржување на 11. Самит на шефови на држави на ЈИЕ во рамките на форумот Дијалог меѓу цивилизации.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти