Општина Битола со 40 илјади евра ќе учествува во изградбата на модуларната болница

Од:

На иницијативата на градоначалничката Наташа Петровска, општината да се вклучи во изградбата на модуларен ковид центар во Битола, денес се одржа вонредна седница на Советот на Општина Битола, на која едногласно се донесе одлука за донација на нови 40.000 евра, средства од општинскиот буџет.

Пред советниците се најде Програмата за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница – Битола, како и Одлуката за давање на донација во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба за вршење на здравствена дејност – КОВИД центар.

Градоначалничката ја образложи иницијативата за помош на Клиничка болница, во рамките на општинските надлежности, со што општината ги стави на располагање своите капацитети од административен и технички аспект, со вклученост на подготовка на терен од страна на јавните претпријатија.

Советниците ја поздравија ваквата одлука на градоначалничката и едногласно ги усвоија двете точки од дневниот ред.

Досега, на сите здравствени установи во градот, Општина Битола по разни основи за помош во ковид кризата им донираше над 80.000 евра.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски