Чилеанските власти прогласија највисок црвен степен на тревога поради опасноста од ерупција на вулканот Копахуе на границата со Аргентина.
Вулканот се наоѓа на надморска височина од 2.965 метри на Андите, а дел од него се наоѓа на територијата на аргентинската провинција Неукен.
Чилеанскиот министер за внатрешни работи Андреас Чадвик Пинера изјави дека засилената сеизмичка активност може да биде претходник на ерупцијата.
Тој истакна дека властите ќе почнат со евакуција на околу две илјади лица, кои живеат во околината на вулканот.