СДСМ: Европски претставници за Заев велат дека испиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до ЕУ

Од:

„По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео честитки се приклучија бројни високи претставници на ЕУ и политичари.

Во своето обраќање, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајн истакна дека Зоран Заев ја доближил Република Северна Македонија поблиску кон ЕУ, таму каде што и припаѓа“, информира СДСМ.

„Големите лидери се оние кои очите ги насочуваат кон иднината, а не кон минатото и со тоа го менуваат курсот на историјата. Зоран, ти напиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до онаму каде што припаѓа – внатре во Европската Унија“, порача фон дер Лајн.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак порача дека преку одговорно и државничко однесување, Заев успеал да најде решенија, онаму каде што сите гледале конфронтации.

„Кога мислам на Зоран Заев се потсетувам на изјавата на Нелсон Мандела која гласи: Секогаш изгледа невозможно, се додека на се случи. Зоран од невозможното направи реалност. Со храбро и одговорно лидерство, со добри намери, ставајќи ја својата држава пред себе и својата политичка кариера, наоѓајќи конструктивни решенија, онаму каде што другите гледаа само конфронтации“, посочи Лајчак.

Поранешниот премиер на Грција, а денес пратеник во грчкиот Парламент порача дека достигнувањата на Заев ја сменија судбината на целиот Западен Балкан.

„Зоран Заев покажа храброст и прогресивно лидерство, што ја смени судбината на неговата земја, судбината на Западен Балкан“, истакна Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он