Кварталниот извештај за буџетот на денешната седница на Советот на Општина Битола

Од:

На денешната седница на Советот на Општина Битола пред советниците беше кварталниот извештај за буџетот. За опозицијата буџетот на општина Битола е неразвоен и расипнички , а во ставките каде што се напишани други трансфери нема увид за што се потрошени 120.000 евра.

„Во функција на изборите го ставивте и овој буџет. Предизборно за репрезентација, односно кафеански гоштавања, народски кажано, потрошивте 3.380.000 денари, односно високи 53% реализација. Со проста математика пресметано , сте арџеле секој ден по една и пол просечна месечна нето-плата во време на криза , сиромаштија , мизерија“, вели Васко Ковачевски, советник од СДСМ.

Опозицијата реагираше и за печатениот материјал: според нив, секој ден за печатење и за копирање се трошеле по 46, 000 денари, или повеќе од 2 месечни нето-плати и прашаа дали со овие пари од власта ги печатеа и изборната програма и флаерите и постерите.

За власта, пак, овој буџет е транпсрентен и тие нема што да скријат, па токму затоа има и отчет.

„Имаше обвинувања за трошоците за печатење. Од предвидените 5.000.000 денари, потрошени се 600.000 денари, или расходот претставува 12 %, што, ќе се сложите, не е многу“, возвратија од власта на обвинувањата од опозицијата.

 

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани