Во Скопје уште девет жртви на Ковид-19, само еден од починатите имал над 70 години

Од:

Во Скопје во изминатите 24 часа починале уште деветмина пациенти на кои им била дијагностицирана инфекција со коронавирусот, а само еден од починатите имал повеќе од 70 години, покажуваат податоците на здравствените власти.

Луѓето кои починале од Ковид-19 во главниот град во изминатото деноноќие биле на возраст од 46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 61 и 64 години, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје од последниот дневен пресек се забележани нови 472 случаи на лица заразени со опасниот вирус, а оздравеле 560 пациенти, па бројот на активни случаи во главниот град се намали, но и натаму е над 10.000 (10.039).

Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје има во општината Гази Баба (1.488), а следи Аеродром со 1.460.

Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 632
• Гази Баба – 1488
• Аеродром -1460
• Карпош – 1166
• Центар – 1142
• Кисела Вода – 1235
• Ѓорче Петров – 877
• Бутел – 573
• Шуто Оризари – 211
• Студеничани – 50
• Сарај – 159
• Арачиново -33
• Илинден – 247
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 98
• Петровец –131
• Зелениково -85
• Странец – 181
• Нераспределен- 208

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски