Италијанскиот јавен сервис РАИ е под критики од јавноста во земјата, откако пред неколку дена на втората програма на државната телевизија бил емитуван прилог во кој се даваат совети како жените да изгледаат секси додека пазаруваат.
Медиумите се заинтересираа за случајот откако за него се појави бура од реакции на социјалните мрежи, а темата стигна и до парламентот на Италија, кој врши надзор врз работата на јавниот радиодифузен сервис.
Сегментот во студио бил прикажан во попладневната програма на Раи 2, „Detto fatto“. Упатствата кои требало на жените да им дадат идеи како да бидат сексуално привлечни кога купуваат во супермаркет, ги извела актерка, на начин што ги натерал гледачите да се запрашаат дали сега е 2020 или 1970 година и дали гледаат упатство за порно филм, пишуваат италијанските медиуми.
Ieri pomeriggio su Raidue a #DettoFatto 'tutorial' alle donne su come fare la spesa con i tacchi e su come essere seducenti ancheggiando ed ammiccando tra le varie corsie.
1970? No, 2020 quasi 2021.
E buona #giornatacontrolaviolenzasulledonne pic.twitter.com/xtLGzHx0Ut
— Fabio ?️? (@Iperbole_) November 25, 2020
Парламентарната комисија за надзор врз јавниот сервис веќе упатила писмо до директорите на телевизијата, во кое остро се осудува недопустливиот сегмент „полн со стереотипи за тоа како жената треба да биде секси и кога ги извршува вообичаените секојдневни работи,“ а се разгледува и можноста генералниот директор на РАИ, Фабрицио Салини, да биде повикан на сослушување во парламентот.