Резервите на гас и нафта на Грција проценети на 1,7 билиони долари

Од:

Норвешки експерти проценија дека вредноста на резервите на пририден гас и нафта на територијата на Грција изнесува 1,7 билиони (1.700.000.000.000) долари, објави грчката телевизија Алфа.

Експертите од Норвешка вршеле испитување под морското дно јужно од Крит, каде лоцирале неколку наоѓалишта на енергенси, од кои повеќето на природен гас.

Експертот за минерални богатства Андонис Фосколос во изјава за Алфа проценува дека Грција од овие залихи во следните 25 години може да заработува по 25 милијарди долари годишно.

Тој наведува дека досега откриените резерви на природен гас и нафта се само дел од постоечките, односно дека вкупните залихи на енергенсите во економските зони во Грција изнесуваат 2,5 билиони долари.

– Годишната заработка на земјата (од енегренсите) би била 32 милијарди долари, смета Фосколос.

Според него, со отпочнувањето на искористувањето на овие резерви на енергенси би се отвориле меѓу 450 и 500 илјади работни места. Овие залихи, според Фосколос, би можеле да се експлоатираат во следните сто години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција