Во Холандија во изминатите 24 часа се регистрирани 4.470 новозаболени лица од Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи над половина милион луѓе.
Бројот на новозаразени денеска е помал од вчера регистрираните лица.
Холандија од почетокот на пандемијата потврди 503.123 заразени лица со новиот коронавирус, со што земјата е една од најпогодените од вториот бран на епидемијата во Европа.