ВМРО-НП: Сите работи што ги зборуваше Заев согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни

Од:

ВМРО-Народна партија изразува поддршка за како што вели, храброста со која зборуваше Зоран Заев за македонската историја, во интервјуто за бугарската информативна агенција БГНЕС кое воглавно беше пречекано со голем број критики од македонската јавност.

„За жал она што македонската историографија требаше да го отвори во изминатите три децении на демократија дочекавме еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопшти.

Сите работи што ги зборуваше Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано.

Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава“, соопштува ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски