Во штипскиот Ковид центар 28 пациенти се на кислородна поддршка

Од:

Над половина од хоспитализираните пациенти на штипското Инфективно одделение се борат за живот. Постојано се на кислородна поддршка поради ниската сатурација, односно кислород во крвта, од што зависи и функционирањето на органите.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на 28 пациенти им е потребна кислородна поддршка.Трет ден во регионалниот Ковид-центар бројот на хоспитализирани е 56. Тој потенцира дека за разлика од минатата недела намален е бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови, но расте бројот на тешките пациенти. Од друга страна голем е притисокот на пациенти во дневната Ковид-амбуланта, каде што дневно лекарска помош бараат и по сто заразени пациенти од целиот источен регион.

-За пациентите кои чекаат на преглед пред Ковид-амбулантата, во текот на утрешниот ден ќе биде поставен шатор, донација од Црвениот крст. Во него ќе ставиме и клупи и ќе обзебедиме греалки, за да им биде топло на пациентите, кои чекаат надвор во кругот на одделението, вели Ѓеорѓијев.

Во источниот регион активни случаи на коронавирус има 1738.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски