ФОТО: Сериозни пропусти во изведбата и проектот на спортската сала „Гоце Делчев”

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, при денешниот увид констатираше сериозни недостатоци во изведбата и проектот на изградбата на спортската сала „Гоце Делчев”.

Поради несоодветната хидро-изолација во објектот, кој е во изградба, има пропуштање на подземни води.

goce-delcev-ss-centar (1)

Поради ова ќе мора да се преземат дополнителни посериозни зафати за санирање на состојбата. Ќе се утврдува и кој го направил пропустот, поради што е предизвикана сериозна штета.

Трошоците ќе паднат на товар на оној поради чиј пропуст или несовесно работење е предизвикана штетата.

Во салата не е предвиден ниту систем на вентилација, кој ќе треба дополнително да се вградува, што ќе предизвика дополнителни трошоци.

goce-delcev-ss-centar (2)

Констатирани се и други пропусти.

Градоначалникот Андреј Жерновски, инсистира да се завршат сите работи во предвидената динамика и спортската сала  да биде ставена  во функција со почетокот на новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила