Бајден повика на внимателност од коронавирусот за време на Денот на благодарноста

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ги повика Американците да бидат внимателни и безбедни за време на празниците.

Бајден кажа дека граѓаните се уморни од ограничувањата што ги носи епидемијата на коронавирусот, но, сепак, побара да бидат внимателни затоа што бројот на новозаразени се зголемува од ден на ден, јавија британските медиуми.

Новиот американски претседател, исто така, ги повика своите сонародници да се откажат од големите семејни собири што традиционално се организираат за Денот на благодарноста и вети дека ќе се справи со пандемијата веднаш штом ќе ја преземе функцијата, на 20 јануари 2021 година.

Бајден го обвини Трамп дека и подлегна на паниката и дека се предаде пред кризата со американското јавно здравство.

Тој се осврна и на помилувањето од Трамп на поранешниот советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, кој двапати се изјасни за виновен за давање лажни изјави на ФБИ и затоа беше осуден на затворска казна. Помилувањето на Трамп го опиша како „чин на тешка корупција и дрска злоупотреба на моќта“.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ