Во Јужна Кореја, која се бори против третиот бран на пандемија на коронавирусот, во последните 24 часа се регистрирани 583 нови случаи, најмногу од почетокот на март.
Епидемиолошката состојба се влошува, и покрај новите рестриктивни мерки во Сеул, кои беа воведени само еден месец по олеснувањето на претходните мерки.
Војската воведе десетдневна забрана за отсуство откако 50 војници беа заразени во воен објект.
– Ковид 19 е тука веднаш до вас и вашето семејство. Ширењето на инфекцијата е особено големо меѓу помладата популација, рече министерот за здравство Парк Неунг-хо.
Од почетокот на пандемијата во Јужна Кореја има вкупно 32.318 заразени и 515 починати лица.