Најмалку 40 луѓе загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во Бразил, кога се судриле полн автобус што превезувал работници во текстилна фабрика и камион, во бразилската сојузна држава Сао Паоло.
На местото на несреќата загинале 37 од жртвите, додека уште тројца починале во болница, соопштија властите.
Уште 15 луѓе биле повредени во сообраќајната несреќа, која според бразилските власти е една од најтешките во последните години.
Исто така се уште не е позната причината за судирот.