Најмалку осум лица загинаа откако брод со повеќе од 30 мигранти удри во карпи и се преврте во близина на малото пристаниште на островот Ланзароте, што им припаѓа на Канарските острови, соопштија денеска шпанските спасувачки служби.
Тој е еден од 17 бродови кои биле пресретнати во водите на Канарските острови во изминатите 24 часа.
На видеоснимките објавени на шпанските медиуми се гледаат спасувачи и граѓани како во темница извлекуваат млади мажи во маици и спасуваат други мигранти кои седат на карпи.
Од други бродови биле спасени околу 450 луѓе, но едно лице подоцна починало.
Службите за итни случаи соопштија дека биле пронајдени осум тела, а 28 лица биле спасени. Тие соопштија дека продолжува потрагата по едно лице, за кое се верува дека е исчезнато.
Бројот на мигранти кои пристигнаа на Канарските острови оваа година достигна 17.000, што е десет пати повеќе отколку во текот на целата мината година, откако жителите на Северна Африка ги загубија своите приходи од туризам, кој е силно погодено од пандемијата на коронавирусот.