Зачинските билки освен што даваат убава арома на јадењата, тие можат да бидат и лековити.
Доколку немате свежи билки, во исхраната можете да ги користите во облик на етерични масла. При тоа мора да внимавате умерено да дозирате. Ако етеричните масла ги земате орално, имајте на ум дека е доволно да внесете во организмот најмногутри капки – сите етерични масла – по оброкот. Додајте ги во јадењето пред да ги послужите.
Босилек
Босилекот е добар за варењето. Одличен е во салати, супи и тестенини.
Жалфија
Жалфијата го намалува потењето и брановите топлина, ја запира лактацијата и го прочистува грлото. Најдобро оди во супа, печени јадења и во некои сосови.
Рузмарин
Рузмаринот го сметаат за природна замена за аспирин бидејќи го смирува нервниот систем и го јакне системот за варење. Одличен е во варива, супи, а убава арома дава и на печените јадења.
Копар
Копарот ги смирува гасовите и надуеноста. Најдобар е во супи, сосови и преливи.
Коријандер
Коријандерот е ефикасен кај уринарните инфекции, а дава арома на зеленчукот и на супите.
Магдонос
Магдоносот го освежува здивот. Силен е диуретик, одличен е кај инфекции на уринарниот тракт. Се служи речиси во сите јадења со месо и риба и неизоставен е во супи и чорби.
Лук
Лукот е природен антибиотик. Добро оди со сите јадења, со риба, маслиново масло, салати и варива.