Полициски службеници од ЕВР ОКР Аеродром и Драчево утрово во 3:20 часот лишија од слобода малолетник, кој бил фатен при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објекти на бул. „АСНОМ“.
Како што информира МВР, кај малолетникот се пронајдени предмети од кривичното дело и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.