Македонската полиција уапсила криминалец кој го барале и Германија и Интерпол

Од:

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага попладнево на улица „МАНАПО“ во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница го привеле С.Х. (44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трага од 22 фебруари 2018 година.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски