Њујорк Тајмс: Што правел Трамп од денот на претседателските избори?

Од:

Весникот „Њујорк Тајмс“ објави анализа на јавните настапи на американскиот претседател Доналд Трамп откако изгуби на претседателските избори на 3 ноември.

Меѓу 4 ноември и 22 ноември има 11 дена од 19 во кои Трамп немал јавни или официјални обврски.

Во тој период, тој имал прес-конференција на 5 ноември, присуствувал на церемонија на гробиштата Арлингтон на Денот на ветераните, за време на брифинг во Белата куќа откри детали за операцијата „Warp Speed“ во борбата против коронавирусот и коментираше за цените на лековите.

Американскиот лидер исто така учествувал на виртуелен состанок со азиските лидери, кратко се приклучи на виртуелниот самит Г20 и двапати ручаше со Мајк Пенс.

Трамп во тој период шест пати играл голф.

Весникот ги анализира и пораките на милијардерот на Твитер. Во последните три недели, шефот на американската држава имал 550 објави, од кои околу три четвртини биле обид за поткопување на резултатите од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД