Либански безбедносни службеници соопштија дека доцна синоќа е истрелана ракета од јужниот дел на Либан кон Израел.
Ракетата е испукана од локација во близина на јужниот либански град Марџајун, десетина километри од северната граница со Израел.
Израел соопшти дека не е предизвикана материјална штета и дека жителите на Метула во северниот дел на земјата слушнале експлозија, како и дека се трага по ракетата.
– Се слушна експлозија. Областа се пребарува од војници. Причините се уште се истражуваат, изјави портпарол на израелската армија.
Во јужниот дел на Либан, освен шиитската организација Хезболах, активни се и голем број палестински групи.