Протест во Минск, уапсени десетици луѓе

Од:

Белоруската полиција денеска уапси десетици луѓе во Минск за време на последниот антивладин протест, кој трае со месеци по спорните претседателски избори во август, соопштија активисти за човекови права.

Илјадници граѓани излегоа на улиците во Минск, а полицијата користеше зашеметувачки гранати за да ја растера толпата, објавија неколку белоруски медиуми.

Групата за заштита на човековите права Весна-96 соопшти дека досега се уапсени 70 лица.

Организаторите на протестот оваа недела побараа од луѓето да се соберат на различни места во Минск пред да се формира поголема група луѓе за да и биде потешко на полицијата да ги контролира.

Агенцијата ТАСС јави дека повеќе од десетина демонстранти биле уапсени во близина на метро-станицата Каменаја Горка во северозападниот дел на Минск

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад