Сириските Курди кои долго време беа потиснати под режимот на Башар ал Асад соопштија дека сакаат да учествуваат на конференцијата за Сирија која треба да се одржи идниот месец во Женева, пренесе „Франс прес“.
На денешниот состанок на главната сириска опозициска Национална коалиција во Истанбул, падна во сенка на прашањето за состав на учесниците на претстојните разговори и вклучувањето на нови членови во коалицијата.
Во секој случај Сириските Курди кои сочинуваат 15 проценти од населението на Сирија, соопштија дека сакаат да учествуваат на конференцијата, без оглед дали ќе дојдат независно од опозициската коалиција.
–Сакаме да одиме или како членови на Коалицијата или независно како претставници на Врховниот курдаски совет- изјави Шерван Ибрахим од демократскиот сојузна Сирија, кој додаде дека нивната борба започнала пред бунтот во Сирија.
Разговорите на Националната коалиција во Истанбул непланирано се одложија бидејќи учесниците не можеле да се договорат за клучните прашања, пренесе агенцијата.
Шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем денес изјави дека Сирија ќе учествува во мултилатералните разговори кои би требало да се одржат во јуни во Женева.
Тој додаде дека верува дека конференцијата е можност за пронаоѓање на решение за конфликтот во Сирија, пренесе Ројтерс.
Русија во петок објави дека сириската влада во принцип се согласи да дојде на меѓународната мировна конференција која е предлог на САД и Русија, во Женева.
Елена Георгиевска