Сомалиската исламистичка група „Аш Шабаб“ денеска соопшти дека нејзини припадници убиле осум Кенијци, меѓу кои и полицајци, во прекуграничниот напад и дека земала дваја заложници.
– Синоќа навлеговме 35 километри на територијата на Кенија и ја запаливме нивната база, изјави портпаролот на „Аш Шабаб“.
Кениските власти потврдија дека двајца полицајци се убиени, двајца се повредени, а уште двајца се водат како исчезнати. Тие соопштија дека бунтовниците извршиле два истовремени напади врз полициски станици.
– Недостигаат двајца полицајци, кои можеби и да побегнале, истакна кениски претставник.