Облачно со засилен северен ветер

Од:

Времето утрово студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје облачно со засилен северен ветер. Понекаде во повисоките делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од недела повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Би можело да ве интересира

Облачно и денеска, од утре суво и потопло

Студено утро, температури до 20 степени во текот на денот

Највисока снежна покривка на Попова Шапка

ВИДЕО: Падна снег, земјава е во првиот студен бран

Променливо облачно со повремен дожд

Облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 22 степени

А1он