Поленските алергии се во полн ек, но вистинска неволја е тоа што се повеќе луѓе страдаат од алергии во текот на целата година и што, без оглед на терапијата со лекови, не успеваат да се излечат. Листовите од копривата, како чај, спаѓа меѓу најдобрите средства за чистење на крвта и на преоптоваруваните мочни канали, кои се манифестираат со воспаление или со задржување на урината.
Овој чај ја одобрува столицата, ја активира размената на материи, ги отстранува грчевите во желудникот и другите пречки во варењето и ја јакне отпорноста кон храоничните настинки, кои се уште не не напуштаат во овој период на променлива температура.
Со шолја зовриена вода попарете една супена лажица Од листови од коприва,оставете го десетина минути да отстои и процедете го Дневната доза е две шолји чај засладен со мед.
Копривата се бере во овој период од годината, и тоа млада и здрава, се суши во на ладно место во тенок слој за да се сочува зелената боја. Во пролет се бере цела, а покасно само врвовите, горните 5-6 листови.
За превенција на алергија се препорачуваат од 20 до 30 капки коприва еднаш дневно (во вода или во сок). За лекување, како додаток на редовната терапија, ист борј капки треба да се пијат од два до три пати на ден.
Противвоспалителното дејство на копривата може да се користи кај многу алергии.