Најтежок ден досега во Скопје: Десет луѓе ја загубија битката со вирусот, најмладата жртва имала 38 години

Од:

Во Скопје во изминатиот ден се забележани десет смртни случаи како последица на компликации предизвикани од коронавирусот, што е нов црн рекорд во главниот град.

Најмладиот починат пациент во изминатото деноноќие имал 38 години, соопшти Министерството за здравство.

Во овој период, во главниот град се регистрирани 506 нови случаи на лица заразени со вирусот, а во исто време, оздравеле 284 скопјани. Бројот на активни случаи во градот сега изнесува 9.692.

Гази Баба, со 1.437 активни случаи, е скопската општина со најмногу лица заразени во моментов.

Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 607
• Гази Баба – 1437
• Аеродром -1410
• Карпош – 1201
• Центар – 1175
• Кисела Вода – 1195
• Ѓорче Петров – 791
• Бутел – 534
• Шуто Оризари – 165
• Студеничани – 51
• Сарај – 139
• Арачиново -34
• Илинден – 249
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 106
• Петровец –117
• Зелениково -68
• Странец – 171
• Нераспределен- 179

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски