Запленета најголема пратка фалсификувани лекови во Франција

Од:

Царината во Франција заплени најголемата пратка фалсификувани лекови кога и да е запленета на територијата на Европската унија.

Како што јави ноќта кон неделата AFP, околу 1,2 милиони дози фалсификувани лекови биле откриени на 17-ти мај во пристаништето во градот Авр на брод кој пристигнал од Кина. Пакувањата со таблетите аспирин биле маскирани под товарот на чај. Анализата покажала дека таблетите не содржат лековити супстанции, туку тие се состоеле претежно од гликоза во прав.

Според француското министерство за економија, фалсификуваниот аспирин бил наменет за испорака до магацини на шпанска фармацевтска компанија на Балеарските острови. Се претпоставува дека лажните апчиња требале да бидат дистрибуирани во Шпанија, Франција и земји во северна Африка.

Не е соопштено дали во врска со откривањето на фалсификуваните лекови има приведени лица.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт