(ВИДЕО) Костадиновска: Инвестираме во детска заштита, го унапредуваме образовниот процес

Од:

„СДСМ како одговорна партија преку Владата и институциите што ги предводи постојано покажува вистинска грижа за децата.

Нашите најмлади се нашата иднина затоа сме посветени на создавање и реализација на мерки и политики што обезбедуваат услови за правилен раст и развој на децата.

Со конкретен план и стратегија континуирано се подобруваат условите за развој на децата во предучилишна и училишна возраст, за децата без родители и семејна грижа, за децата со пречки во развојот“, вели Бисера Костадиновска, пратеничка од СДСМ.

„Интензивно работиме на зголемување на капацитетите во градинките. До крајот на годината ќе бидат отворени уште шест нови градинки, со што опфатот на деца ќе се зголеми за дополнителни 455 деца. До крајот на мандатот на Владата на предводена од СДСМ капацитетите во детските градински ќе се зголемат за 7.500 деца.

Со реформите во социјалната заштита и процесот на деинституционализација децата без родители веќе не се сместени во институции, туку во мали групни домови кои обезбедуваат услови најблиски до условите во едно биолошко семејство.

Посветени сме на искоренување на детската сиромаштија, како еден од најтешките видови сиромаштија.

Го зголемивме опфатот на семејства кои примаат детски додаток, со единствена цел да се подобрат и поддржат децата во ранливите семејства. Детски додаток денес добиваат деца од семејства кои имаат плата на ниво на минималната плата, како и приматели на Гарантирана минимална помош.

Во услови на вонредни околности поради пандемијата, обезбедивме олеснет пристап до образовниот додаток, со цел да се поддржат децата од најранливите семејства. Предлог законот за детска заштита е во собраниска процедура и очекуваме наскоро да биде изгласан.

Истовремено, го подобруваме и пристапот до образование и активно работиме на редефинирање на наставните материјали и восптино-образовниот процес. Воспоставуваме образовен процес кој има за цел да одговори на потребите на новите генерации.

Унапредување на системот на детска заштита, на образовниот систем, како и создавање на повеќе можности за најмладите се врвен приоритет на СДСМ и Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи.

Грижата за сите продолжува, уште повеќе и уште подобро. Нека е честит 20 ноември – Светскиот ден на детето“, изјави Бисера Костадиновска, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“