„Капиталистичка авантура“ – изложба на уметникот Перо Кованцалиев

Од:

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер ќе биде отворена изложбата „Капиталистичка авантура’ на ликовниот уметник Перо Кованцалиев, која содржи т.н. пештерски цртежи на кои доминира чадот. Изложбата е резултат на вклучениот аларм за аерозагадувањето и лошата состојба во повеќе градови низ Европа и светот, а особено кај нас.

– Чадот во делата го претставува зачаденото секојдневие кое го живееме, чад од согорената материја на потрошувачкото општество. Уметникот упатува критика кон декларативното и номинално залагање на институциите, политичките субјекти, поединци и индустриските капацитети, односно главните протагонисти од управниот одбор на системот… Низ овие дела сакам лириката да ја вратам во уметничкото дело, а одржувањето на физичката, општествена и природна средина да се врати во рацете на надлежните институции, наведува авторот на изложбата која ќе може да се посети до 28 ноември.

Перо Кованцалиев магистрирал на катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности и активно работи како самостоен уметник. Имал повеќе самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби во земјава и странство.

Во неговото творештво е присутна ангажираноста во повеќе сфери – политичка, социјална и еколошка и со ненаметлив сензибилитет и алузија за проблемот, како што наведува организаторот на изложбата, ги трансформира општествените дискурси во алтернативни визуелни облици.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска