Кривична пријава за малолетен скопјанец за одземање возила

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д. (16) од Скопје осомничен за три кривични дела „одземање моторно возило“ ноќта на 21. спроти 22-ри овој месец, во периодот од 22 до 6 часот во скопската населба Ѓорче Петров. Истражен судија му одредил мерка притвор од 30 дена.

МВР соопшти дека на 21 мај околу 22 часот, на улица „Петар Чајковски“, пријавениот М.Д. откако се уверил дека нема да биде забележан од никого, дошол до куќата на оштетениот Д.К., ја истуркал капијата со која бил затворен дворот, влегол по пристапниот пат до гаражата каде било паркирано патничко моторно возило марка „Опел Астра“, ја отворил вратата и со помош на оригинален клуч кој бил оставен во бравата го ставил возилото во движење. По што се упатил кон стадионот Ѓорче Петров каде се сретнал со лицата Б.Д., Б.Б.М. и Д.Г. сите од Скопје и ги повикал да се возат со одземеното моторно возило.

Лицата, според соопштението, се возеле низ населбата Ѓорче Петров и околу 1:30 часот на улица „Лука Геров“, пријавениот учествувал во сообраќајна незгода со патничко моторно возило марка „Волво ВИ – 40“, со скопски регистерски таблички. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобило лицето Ж.Ѓ. кое го управувало „волвото“ а со телесни повреди се задобиле и лицата Н.Ј., негов сопатник и лицето Б.Д. сопатник во „Опел Астрта“ управувано од пријавениот. По сообраќајната незгода пријавениот откако од возилото излегле неговите сопатници, повторно го ставил во движење возилото и се упатил кон населбата Кисела Јабука каде што го оставил на улица, а клучот го задржал кај себе.

Второто кривично дело, како што е наведено во соопштението на МВР, М.Д. го извршил на 22 мај околу 2 часот, во населбата Кисела Јабука во близина на улица „42“, каде откако се уверил дека нема да биде забележан од некого, влегол во дворот на куќа сопственост на Н.Б. ја отворил затворената капија и со намера да го употреби за возење го одземал патничкото моторно возило „Шевролет Калос“, на начин што ја отворил вратата на возилото. Со употреба на оригиналниот клуч кој бил оставен на бравата, го ставил во движење и незабележан се оддалечил во правец на населба Ѓорче Петров и се возел низ населбата, по што го оставил на една од сообраќајниците, задржувајќи го клучот кај себе.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он